Колкава грамажа овошје и зеленчук ви е потребнa за долг живот

0

Милиони прерани случаи на смрт можат да се спречат со промена на исхраната, открија научниците. За спречување на ракот и срцевиот удар може многу да се направи со едноставна промена во исхраната.

Повеќето од нас знаат дека би требало да вклучиме овошје и зеленчук во секојдневното мени, но, колкави се минималните количества оваа здрава храна дневно? И што треба да се јаде?

На помалиот ризик од карцином влијае исхраната во која е застапен зеленчукот во зелена боја, жолтото овошје и зелковидните видови зелнчук (зелка, брокула, карфиол). На помал ризик од срцевите заболувања и срцев удар влијае исхраната во кои се застапени јаболка, круши, цитрусни овошја и зелени салати.

Во анализите од резултатот на бројните студии, попрецизно се споредени резултатите од количествата зеленчук во исхраната.

Се покажало дека:

– 200 грама препорачано овошје и зеленчук дневно го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести за 13 отсто, додека 800 грама го намалува за 28 отсто.

– Исто така, 200 грама од овие намирници го намалуваа ризикот од карцином за 4 отсто, а 800 грама за 13 отсто. И конечно, 200 грама од погоренаведеното овошје и зеленчук го намалува ризикот од прерана смрт за 15 отсто, а 800 грама за 31 отсто.

Во Велика Британија веќе некое време се води расправа за тоа дали е реалистична препораката на Светската здравствена организација во исхраната да вброиме 400 грама овошје и зеленчук дневно, а што ќе биде ако се зголеми на 800 грама, останува да се види.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот