Колкава е свесноста за посета на гинеколог кај младите жени

0

Женското тело е многу сензитивно и промените се чувствуваат многу брзо. Ова е многу важно да се знае, доколку сакате да го одржите телесното здравје.

Една од темите за кои има многу дискусии е редовните прегледи кај гинекологот. Се чини дека е за свесноста по ова прашање треба да се поработи. Гинеколошките проблеми не смеат да се игнорираат и оставаат за „утре“, туку потребно е веднаш се реагира. Редовните прегледи треба да бидат на фреквенција од 6 месеци.

Ако жената е бремена, во тој случај посетата на гинеколог е задолжителна еднаш во месецот. Така што ако има некакви промени во вагиналниот дел, ќе бидат забележани.

За многу жени овие прегледи создаваат стрес и немир, не заради резултатот кој што би можеле да го добијат, туку заради непријатноста што ја чувствуваат додека се на преглед. Заради тоа некои од нив преферираат жени гинеколози, надевајќи се дека непријатно чувство ќе го снема.

Но, кога има проблем, како што спомнавме и претходно не треба да се игнорира и да се заборави на него. Вашата вагина е огледало на вашиот сексуален  живот, но и на партнерот.

Навиката за редовни гинеколошки прегледи треба да се создава уште во порана возраст, односно во периодот кога девојчето станува жена.

Живееме во земја каде што родителите, за жал, чувствуваат непријатност да зборуваат отворено со децата на оваа тема, да им објаснат зошто е важно да се оди на рутински контроли. За среќа, денес младата популација има поголем пристап до интернет, па на тој начин и постои и поголема информираност.

Институтот за јавно здравје годишно регистрира од од 200 до 250 нови случаи со рак на грло на матка, а речиси една третина од нив завршуваат со смртен исход.

Доктор Боро Парталоски на оваа темa вели дека за среќа пристапот се менува низ годините, се поголема е свесноста, посебно кај помладите, бидејќи имаат поголем пристап до литература, благодарение на интерентот.

„Самиот матичен доктор е еден вид едукатор. Помалку или повеќе, пациентите се запознаени со можните проблеми од гинеколошката природа, посебно во делот за причини за настанок и развој на сериозни заболувања, како што се ракот на грлото на матката и рак на дојка. За среќа, стигма не постои кај младите, тие се многу отворени на оваа тема и немаат проблем да разговараат. Сепак, морам да нагласам дека има една бројка на пациентки која е недоволно информирана, но за тоа пак, ние докторите сме тука за секоја потребна информација и прашање “ – вели Д-р. Парталоски.

Во секој случај, се движиме во позитивен правец што е за поздрав, но тоа не значи дека тука треба да се застане. Промените мора да се имплементираат секој ден преку отворен разговор и едукација на девојчињата од рана возраст.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар