Колеги кои треба да ги одбегнувате

0

Во една работна организација секогаш се соочуваме со различни карактери на кои треба да се прилагодиме за да може да функционираме како тим со нашите колеги. Но, постојат одредени видови на колеги на кои треба да им кажете каде им е местото и да ги заштедите своите нерви.

Колешката која озборува

Со ваквиот вид на колега или колшека контактирајте само службено, преку службен телефон или меил, не споделувајте детали за животот кој го имате надвор од канцеларијата, одбегнувајте ја доколку се труди да ви стане пријателка и внимавајте на секој збор што ќе го изустите.

Колегата од типот „не знам, не можам“

Сосема е во ред да им помагате на колегите, особено на новите. Но, внимавајте вашата помош може да биде злоупотребена, па да работите и многу повеќе од нивните задачи. Едноставно, наместо да прифатите туѓа обврска, објаснете како треба, помогнете тоа што можете и вратете се на своите работни обврски.

Мистериозниот колега

Уште еден тип на колега кој би требало да го одбегнувате. Тој сака да знае се за вас и вашите ставови и размисли околу работата, а тој не кажува ништо. Не знаете, можеби некоја ваша критика за шефот, токму преку мистериозниот колега ќе стигне онаму каде што најмалку би требало.

Лицемерната колешка

Таа е супер љубезна пред вашите очи, а зад вашиот грб е сосема друга. Одбегнувајте ги лицемерните колеги. Тие ќе го направат и невозможното за вашите заслуги да ги прикажат како нивни. Внимавајте на вашите проекти и секогаш заклучувајте го компјутерот со шифра.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот