Која храна треба да ја одбегнувате кога сте настинати

0

За побрзо да се ослободите од настинката, кашлицата или болката во грлото внимателно планирајте го следниот оброк…

Газирани пијалоци
Конзумирањето на газирани пијалоци не е здраво поради многу причини, но ако сте настинати тие најмалку ќе ви помогнат, бидејќи се полни со шеќери и само ќе ја направат полоша ситуацијата на имунолошкиот систем.

Алкохол
Можеби мислите дека чистата ракија ќе го дезинфицира и закрепне вашето грло, но вистина е всушност спротивна- настинката ќе се влоши, бидејќи алкохолот има исто влијание како и шеќерот.
Освен тоа, алокохолот ќе ве дехидрира, а особено за време на настинката на телото му е потребно што повеќе течности.

Слатки
Како и газираните пијалоци, слатките исто така содржат многу шеќер што лошо влијае на имунитетот. Избегнувајте бомбоми, колачи, кекси и слични намирници.
Но знаеме дека овие производи го подобруваат расположението.

Јаглехидрати
Можеби мислите дека крекерите, печениот тост, кексите за чај се идеални кога сте болни, но тоа само ќе ви го влоши процесот на закрепнувањето и ќе го подигне нивото на шеќер во крвта.

Млечни прозиводи
Кај многу луѓе млечните производи предизвикуваат тешко голтање на храната, па ако спаѓате во таа категорија, одбегнувајте ги овие намирници.
Од друга пак страна, ако немате проблем со конзумирање на млечни производи кога сте настинати, слободно јадете ги, бидејќи се одличен извор на протеини и витамини кои му се потребни на вашето тело за време на настинките.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.