Која е вашата вистинска личност

0

Кога се будите наутро, за што прво размислувате? Има еден магичен момент кој трае 30тина секунди кога се уште не сте расонети и кога чувствувате комплетна среќа и задоволство. И потоа поминува тоа и се будите комплетно. Дали сте личност која има лице за секого, дали пак сте комплетно свои и верни на себе, можеби секое утро одлучувате која личност сакате да бидете. Тешко е да си играте со другите, но уште потешко е кога тоа си го правите себеси.

Be-yourself

Навистина е тешко во денешно време да држите до својот карактер во ситуации кои отворено налагаат да бидете друг човек. Понекогаш несевесно го правите тоа, процесот на промена не го ни забележувате, а понекогаш сте комплетно свесни за сè. Личностите кои ги бираме во текот на денот ни ја црпат енергијата и никако не можеме да стигнеме до вистинските нас.

Дел од вас ќе се согласат со мене и ќе речат дека непостојаноста на карактерот е одлика на 20-тите години, но има и такви луѓе на кои им станува удобно во карактерот кој го играат.

Нема поголема среќа од таа кога сте задоволни од себе во секојдневните постапки. Колку лица има еден човек, никогаш нема да дознаеме, но можеме да избегнеме да станеме ние такви. А секако, можеме да ги избегнеме и луѓето чие лице е невозможно да се види, иако ги гледате дирекно во очи.

Животот е еден и треба да се живее најдобро што може без задоцнети реакции за каење кои се однесуваат на сторените или несторените дела. Секогаш бидете доследни и достојни пред себе, за утре кога ќе се погледнете во огледало да можете да ја препознаете личноста која стои пред вас, наместо да се чудите и да не знаете кој е странецот што го гледате.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.