Која е тајната на среќниот брак на Том Хенкс?

0

Еден од милениците на Холивуд, Том Хенкс, веќе 29 години е во брак со актерката и продуцентка Рита Вилсон. Тој, заедно со Пол Њуман, спаѓаат во групата мажи кои се несвојствени за светот на филмот и гламурот – верни, посветени и целиот живот со една жена.

Токму затоа и не постои човек што не го сака Хенкс. Всушност, заради неговиот тивок приватен живот, добрината и одличните улоги. Тој е еден од ретките актери кои се навистина приземни и кои ги вреднуваат вистинските семејни вредности.

Актерот и Рита Вилсон се венчаа пред скоро 29 години, што е многу повеќе и од браковите на денешните луѓе во светот, не само во светот на богатите и славните.

Нивниот брак е доказ дека вечна љубов навистина постои.

Том и Рита се запознаваат за време на снимањето на филмот „Волонтери“. За кусо време почнуваат врска, а во 1988 година стапуваат во брак. И се чини дека оттогаш ништо не може да ги раздвои.

Имаат двајца синови, Честер и Труман, кои, барем за сега, не решаваат да тргнат по стапките на нивните родители.

Најстерсниот период во животот го доживеаја пред околу две години кога на Рита ѝ беше дијагностициран рак на дојката, по што ѝ беа отстранети двете гради. И покрај бројните актерски ангажмани, актерот постојано беше крај неа, како што би направил секој заљубен сопруг.

Токму затоа новинарите неодамно го запрашаа која е тајната на неговиот среќен брак.

„Тајна? Нема тајна. Ние едноставно се сакаме еден со друг. Тоа е нашата ѕвезда водилка во се што правиме“, одговори тој.

Читајќи ги овие зборови, „сега и засекогаш“ делува навистина реално и остварливо, зар не?

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот