Која е разликата помеѓу тебе и шефот?

0

Која е разликата да видиме…

Кога ти ќе одработиш нешто за подолго време од предвиденото, тогаш си СПОР.
Кога твојот шеф работи нешто подолго време, тогаш тој е ТЕМЕЛЕН.

Кога нешто нема да завршиш, ти си МРЗЕЛИВ.
Кога твојот шеф нешто не стигнува да одработи, тогаш тој е ПРЕЗАФАТЕН.

Кога нешто правиш погрешно, ти си вистински кретен.
Кога твојот шеф прави нешто погрешно – тој е само човек!

Кога правиш нешто на своја рака, си ги поминал границите на дозволеното.
Кога твојот шеф ја прави истата работа, тоа се вика иницијатива.

Кога остануваш на твоето мислење, ТВРДОГЛАВ СИ.
Кога тој го прави истото, тој е СИЛЕН И ДОСЛЕДЕН.

Кога не ги почитуваш правилата и процедурите, ти си НЕПРИСТОЕН.
Кога твојот шеф заобиколкува некое правило, тој е ОРИГИНАЛЕН.

Кога се обидуваш да му угодиш на шефот, ти се „улизуваш“.
Кога твојот шеф се обидува да му угоди на неговиот претпоставен, тој сака да соработува.

Ако земеш ден за боледување, секогаш си болен.
Ако шефот земе ден за боледување, мора да е тешко болен.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар