Која е принцезата Моана?

0

Од компанијата Дизни најавуваат дека наскоро децата ширум светот ќе запознаат уште една новаа принцеза. Од Дизни објавија тизер за нивниот најнов анимиран филм со наслов „Моана“, кој најверојатно ќе биде уште еден нивен хит.

Хероината во овој цртан филм е Моана, првата Дизниева принцеза која има полинезиско потекло, која ќе тргне на една интересно и невообичаено патување низ Јужниот Пацифик, заедно со полубогот Мауи.

Патувајќи кон еден таинствен остров, Моана и Мауи ќе доживеат многу авантури, ќе дознаат за многу чудни нешта и ќе се соочат со многу предизвици.

Анимираниот филм „Moana“ е режиран од Рон Клеменс и Џон Мускер, а во кино-салите ширум светот ќе се најде на 23 ноември годинава.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот