Која е причината што не ги гледаме работите кои ни се ”пред носот”?

0

Колку пати ви се случило да барате клучеви или некој друг предмет, не гледајќи дека всушност цело време се пред вас? Научниците сега имаат објаснување за тоа и зошто често се случува …

Според резултатите од студија, објавени во журналот “Тековна биологија”, луѓето не гледаат предмети чија големина не е во согласност со нивната околина.

На учесниците во истражувањето им билеа покажани фотографија на која имало две четки за заби, една помала и една многу поголема и очигледна. Се покажало дека луѓето пропуштаат поголеми објекти околу 13% повеќе пати отколку објекти со нормална големина.
Конкретно, кога лицето прв пат ја набљудувало фотографијата со четки, поголемиот објект честопати бил невидлив.

”Бевме изненадени колку е импресивен овој ефект, но сигурно не е недостаток. Ова е само индикација дека нашиот мозок прави брзо скенирање” -истакнал Мигел Екстајн, психолог на универзитетот во Калифорнија и еден од лидерите во студијата.

”Нашето видно поле, односно она што го гледаме е поврзано со дел од мозокот кој активно ја прилагодува визуелната сцена и одлучува што ќе биде.”

”Она на што обрнуваме внимание е во голема мера определено од нашите очекувања за она што треба да биде присутно” -вели Кристофер Чабрис, когнитивен психолог и коавтор на делото „Невидлива горила“.

Извор: nationalgeographic.rs

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.