Која е модерната Заспана убавица?

0

Сите ја знаеме приказната за Заспaната убавица, кој потонала во длабок сон и спиела се додека еден храбар принц не дoшол да ја бакне и да ја ослободи од сонот. Слична приказна ви носиме во продолжение, но од модерното време.

Пред 5 години, Бет Годиер започнала со часови по психологија и се подготвувала за својот 17 роденден. Била убава, успешна девојка со многу пријатели и планови за иднина.  Еден ден во текот на денот задремала – и не се разбудила следните 6 месеци!

Денес таа има 22 години и знае дека мора да живее со ретко нарушување наречено Клејн-Левин синдром, од кои боледуваат најмногу тинејџерите и за жал остануваат со месеци ‘врзани’ за кревет. Според зборовите на нејзината мајка, Бет во последните 5 години спие 75% од времето. Кога се наоѓа во долги фази на сон, таа станува само на кратко од креветот за да јаде, да се напие течност, но потоа не се сеќава на ништо.

Во фазите додека е будна, се обидува да надополни за пропуштеното. За оваа состојба не постојат лекови кои би можеле да и помогнат да се разбуди. Не се знае кога ќе се разбуди, но штом го направи тоа, веднаш се обидува да надополни и да го стигне времето.

2_caters_sleeping_beauty_17-800x498

На почетокот мислеле дека станува збор само за тинејџерска мрзливост, но потоа и била дефинирана состојбата – сериозен проблем со кој мора да се бори целиот свој живот.

Инаку, во Велика Британија од оваа нарушување страдаат стотина млади луѓе, обично до 30-тата година од животот.

Навистина постои Заспаната убавица, но за жал нема принц кој би се погрижил да ја разбуди и спаси. Барем не сè уште.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.