Која е идеалната разлика во години меѓу партнерите

0

Квалитетната врска и односот помеѓу партнерите зависат од повеќе фактори. Разбирање, одрекување, пожртвуваност и се разбира љубов, се клуч за секој успешен брак и врска. Но, се чини дека и во секоја врска и брак постои математичка формула која се крие во разликата во годините.

Според истражувањето спроведено над 3.000 мажи и жени ширум Европа постои формула која ги зголемува шансите за успех на врската и бракот. Се работи за разлика во годините помеѓу партнерите која е идеална.

The-Truth-About-Older-Men-Younger-Women-1440x564_c

Според објаснувањето на психолозите, врската во која мажот е постар од жената 5 години има најмногу шанси за успех. Спротивно на тоа, врските каде мажот е постар 20 или повеќе години, имаат најмалку шанси за квалитетен заеднички живот.

Докажано е дека жените емотивно созреваат многу порано од мажите, па така разликата од 3-5 години е идеална за да бидат партнерите на исто емоционално ниво.

Од друга страна, партнерите од различни генерации, сигурно ќе имаат различни погледи на животните вредности, различни вкусови и ставови, поради што со текот на времето може да дојде до нерешливи несогласувања.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот