Која е Џорџија Габриел, девојката на милионерот Џанлука Ваки?

0
?? @gianlucavacchi #us #miami #sunset

Секс бомбата Џорџија Габриел е многу повеќе од само девојка на плејбојот милионер Џанлука Ваки. Освен што е модел, таа е и економист и претприемач. Ама, тоа не е сè…

Џорџија неодамна наполни триесет години. Таа е родена со Сора, гратче во централниот дел на Италија. Уште како дете сакала да танцува, да биде во центарот на вниманието. Ама, ја сакала и модата. Студирала бизнис и економија на Лумса во Рим, но потоа влегла во светот на медиумите. Нејзината прва голема работа била улога на шоу-девојка на една од италијанските телевизии; оттаму работите тргнале забрзано напред – таа за кусо време станала ријалити ѕвезда што почнала да се појавува на насловните страници на италијанските списанија.

img_9405

Освен што е селебрити, Габриел е и претприемач. Нејзината компанија Вандеринг дизајнира модни парчиња, и тоа модели од висока мода. Таа во март оваа година дебитираше на Модната недела во Милано, каде што ја претстави својата колекција Есен/Зима 2016, а потоа ја претстави и во Париз.

schermata-2016-09-14-alle-11-42-18

Иако Џорџија не е долго време во врска со Џанлука, таа дефинитивно го зароби неговото срце. Италијанскиот плејбој, кој беше во врска со некои од најубавите жени во светот, меѓу кои и Џенифер Лопез, реши да се „смири“ покрај младата Италијанка со која се запозна во 2010 година. Три години биле пријатели пред да почнат врска.

gianluca-vacchi-con-la-fidanzata-giorgia-gabriele-foto-instagram

„Знаев во што се впуштам кога почнав да се гледам со Џанлука. Со оглед на неговата репутација и листата на девојки со кои бил во врска, не мислев дека врската ќе трае долго“, изјави таа во едно интервју.

gianluca-vacchi

Иако е многу љубоморна, Џанлука никогаш не ѝ дал повод да биде љубоморна на него. Заедно се скоро 24 часа дневно, а тој ѝ е најголемата морална поддршка. А, нели, тоа е најважно во љубовта и животот – партнер што ќе ве разбере и поддржи.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар