Која е цената на вистинското богатство ?

0

Често знаеме да се пожалиме дека нешто ни недостига. Живееме во време кога и сè ни е малку и секогаш сакаме повеќе. Ретко кој знае дека е богат, дека е ептен среќен, дека има баш сѐ што му треба за да биде богат…

Дома, сигурно имате барем една голема и мека перница на која ја спуштате главата после напорниот ден.

Веројатно поседувате еден пар патики кои вам ви се најудобни на цел свет.

feb370ca-a412-4b93-9b81-d18d8e778134

Погледнете во плакарот, таму со сигурност е она парче облека кое го облекувате за посебни прилики.

Сега, ѕирнете во кујната. Некаде по шкафчињата е вашето омилено чоколадо.

cf30ccf8-ecb9-4ec4-a182-b358c2d1dd9d

Наутро, освен ако не сте заборавиле да купите, секогаш имате состојки за да си приготвите кафе по ваш вкус.

Навечер, имате доволно топла, за да се истуширате и да ја опуштите мускулатурата на вашето тело.

И имате интернет, за да бидите во контакт со сите оние кои ви значaт, а се далеку…

Сетете се на оние што немаат покрив над главата, немаат што да јадат и немаат пристап до вода. Па, заблагодарете се за она што го имате. Бидете среќни!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот