Која била мајката на Ана Франк

0

Сигурно ако некаде го сретнете името Едит Франк, на почеток нема да ви значи ништо, но затоа пак во меморијата знаете дека има некаква звучност самото презиме, но не можете да се сетите веднаш. И ќе бидете во право оти станува збор за мајката на Ана Франк, девојчето кое го напиша најпознатиот дневник-книга запишувајќи си ги мислите и стравовите во моментите кога нацистите пустошеа во Холандија, каде Ана и нејзиното семејство престојувале во периодот од 1942 до 1944 година.

tumblr_lu9zvobFbD1qim93io1_1280

Едит е исто така уште една од жртвите на холокаустот за време на Втората светска војна. Родена е на денешен ден, 16 јануари 1900 година, а умрела 1945-тата на возраст од 44 години во Аушвиц. Таа и нејзините браќа и сестри биле родени во богато еврејско семејство во Германија. Го запознала сопругот Ото Франк во 1924 година и се омажила со него следната година. Покрај Ана, ја имале и ќерката Маргот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.