Кој ви е омилениот дел од Супер Бол: рекламите или самата игра

0

Ова е прашање кое ќе си го поставуваат сите кои ќе го гледаат преносот во Велика Британија, во недела на 7 февруари, бидејќи BBC, медиум кој ги има ексклузивните права да го емитува на британско тло, ќе го прикаже без рекламите.

Наместо тоа, експерти од BBC на гледачите ќе им ја објаснуваат играта која штотуку ја погледнале, ќе зборуваат за правилата и стратегиите. Така што наместо слатки кученца и занимливи моменти од рекламите, гледачите ќе добиваат одговор на прашањата како “Што е тачдаун, кога треба да се шутне топката” и слично.

Инаку целиот настан е ќе се случува на Levi’s стадионот Санта Клара, Калифорнија. Што се однесува до полувремето од играта, Beyonce е ќе настапува заедно со Coldplay. Тие во моментов се актуелни со соработката на албумот “A Head Full of Dreams.”

Но, за волја на вистината, рекламите никогаш не биле дел од преносот на Суперболот на неамериканско тло, велат од оддлеот за маркетинг на NFL лигата.

Во насока на ова, да погледнеме дел од овогодинешните реклами за Супербол 50:



При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.