Кој вели дека бракот значи скротување?

0

Сите советуваат да стапиш во брак откако ќе доживееш се друго. Предупредуваат дека возбудливите работи, патувањето, истражувањето, забавувањето и страста завршуваат во моментот кога ќе ”рипнете во тапче”.

Многу луѓе низ светот се одлучуваат да останат сами поради силната желба за авантура и доживување нови искуства. Кој може да ги обвини? Ако навистина бракот значи дека треба да ја скротиме нашата дива, авантуристичка страна, зошто некогаш би се венчале и своеволно би влегле во ”затвор”?

Но, постојат брачни парови кои го рушат ова верување. Парови кои докажале дека животот во брак може да биде се, само не досаден.


Всушност, вистината е дека сето она што посакувате да го доживеете сами, можете да го направите со вашиот партнер и тоа на сосема повисоко, поинакво и поубаво ниво.

Партнерот не треба да ни биде пречка на патот кон остварување на нашите соништа. Баш напротив, тој треба да биде придружник, во добро и во лошо.

Брачните партнери треба да бидат ТИМ, најдобри пријатели. Кога тоа ќе го постигнете, заедно ќе можете да го освоите светот.

Омажете се со некој што ги поддржува вашите цели и го храни вашето чувство за лудило, што им овозможува на вашите соништа постојано да растат.

Омажете се со некој што ја сака вашата дива страна и што нема да дозволи да се скротите и да се изгубите себеси.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар