Кој рече дека не можете да патувате и да заработувате во исто време

0

Луѓето кои често патуваат ќе потврдат дека патувањата се една од најубавите, но и најскапи работи на светот. За жал, не секој може да си го дозволи тоа. Затоа пак, постои начин како да ги споите двете во едно: да патувате и да заработувате.

1.Да предавате англиски

Ова е една од опциите кои можете да ги искористите ако имате диплома по англиски јазик и сакате да патувате. Одличен начин да заработите додека сте во друга земја каде има многу странци кои не го владеат англискиот јазик. Може да биде и друг јазик, но со оглед на тоа дека e универзално прифатен, веројатно полесната варијанта е тоа.

За да го сторите тоа, треба да имате диплома и TEFL и CELTA (Certificate in English Teaching to Adults) квалификации кои се универзално прифатени и препознаени.

Корисни сајтови:

CELTA – Certificate For English Teaching To Adults

TEFL Jobs – Teaching English Employment Opportunities

2.Дадилка

Да се биде дадилка во друга земја е одличен начин да се запознае нова култура и начин на живот. Тоа е можност да се научи нов јазик кој ќе ви користи во иднина. Да се добие работа како дадилка е многу полесно ако имате претходно искуство. Семејството ќе ја испитува вашата семејна страна, бидејќи и тоа е од големо значење.

 

3.Коктел мајстор

Голем дел од студентите имаат искуство како бармени во еден период од нивното студирање или имаат мало искуство со работа во кафе/ресторан. Тоа е одличен начин да се плати некое патување, иако помага и знаењето на јазикот на локалните жители или барем имињата на пијалаците кои тие ги бараат. Тоа носи и поголеми напојници.

4.Патеписец

Што е подобро од тоа да патувате, да пишувате и да бидете платени? Но, да бидеме реални, тоа не е најлесната работа на светот. Brooke Saward, сопственик на веб сајтот World of Wanderlust, работи како патувачки блогер, вели: “Добивам многу меилови со прашања за тоа кој е најдобриот начин да се почне еден патепис. Јас им велам само почнете, не постои рецепт за тоа. Кога јас првпат почнав да пишувам, знаев дека сакам тоа да биде моја професија во иднина, но знаев како да го сторам тоа. Затоа само почнав да пишувам, да едитирам, да го адаптирам мојот пристап и со време да го подобрувам начинот на кој пишувам и на кој се поврзувам со моите читатели.”

5.Стујардеса

Уште еден одличен начин за да се види светот и да се заработи. Да, како и секој друга работа може да биде напорно, но бенфитот е огромен за вашата патувачка глад.

6.Уличен изведувач

Кај нас ова не се цени премногу, но во светските метрополи луѓето знаат да уживаат во ваквиот перформанс. Ако имате музички талент, свирите на некој инструмент и сакате авантури во тој случај ова е идеален начин да се шета и да се заработува.

7.Работа на брод

Светот на дланка од водена страна, барем така го опишуваат оние кои имаат искуство со работа на брод. На овој начин во буквална смисла на зборот ви плаќаат за да шетате и да патувате.

8.Фотограф

Вашата пасија може да стане исплатлива професија. Можете да работите како фриленс фотограф, да бидете платени за моментите кои ќе ги овековечите засекогаш.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.