Кој камен ви одговара според месецот на раѓање

0

Ако сакате да го одберете вистинскиот камен за вас, треба да знаете дека најдобро е да проверите кој камен ви одговора според месецот на раѓање.

Јануари – Гранат

Гранат е популарен камен кој луѓето го користеле како украс во бронзеното доба. Се верува дека ќе му донесе среќа на оној кој го носи и ќе го исполни со љубов, а ја зголемува и сексуалната енергија. Овој камен означува моќен дух, верност и позитивни мисли. На родените во јануари ќе им донесе самоувереност работен успех.

Февруари – Аметист

Ова е драгоцен камен кој означува искреност, смиреност и талентираност за музика и сликарство. Се верува дека аметистот го заштитува тој што го носи. Има нежно виолетова боја и во секој простор носи хармонија и мир, а се препорачува да биде позициониран во средината на секој дом.

Март – Аквамарин

Аквамаринот е драгоцен камен кој носи храброст, мир, здравје, но помага и при процесот на учење. Од секогаш се верувало дека сите парови треба да носат аквамарин на прстените кои ги разменуваат, бидејќи тоа е камен кој буди љубов и страст.

Април – Дијамант

Дијамантот е најдрагоцениот и најтврдиот камен кој може да се пронајде. Овој камен носи верност, љубов, чистота и невиност. Полни со енергија и поттикнува на остварување на целта. Тој е најцврст минерал од сите, а дава и голема храброст да носителот.

Мај – Смарагд

Смарагдот е посебен вид драгоцен камен. Оној кој го носи е мирољубив, романтичен и грижлив. Каменот сам по себе значи љубов ако го држите до вас ќе бидете полни со љубов и почитување.

Јуни – Бисер

За овој камен секогаш се верувало дека поседува магични моќи. На носителот му носи искреност, чистота, добра смисла за хумор, но и интелигенција. Освен тоа, означува отвореност, љубезност и богатство.

Јули – Рубин

Рубинот претставува искреност, пријателство и чува од несреќа заради лошо здравје. Најмоќен е црвениот рубин и оној кој го носи му дава енергија за вршење на секојдневните активности. Но, не се препорачува на оние кои веќе поседуваат силна енергија, бидејќи ќе има спротивен ефект.

Август – Перидот

Перидот е драгоцен камен кој означуа веселост и голема креативност. На својот носител му дава добро здравје, богатство и радост. Освен здравје, на носителот му носи и љубов.

Септември – Сафир

Сафир е камен кој во секој дом носи мир, мудрост и вистина. На својот носител му подарува сила, грижливост. Сафирот во минатото го сметале за љубовна амајлија.

Октомври – Опал

Овој камен симболизира оптимизам и пријателство. Се верува дека ја истакнува убавината и носи среќа на носителот. Со својата шареноликост и разигран изглед дава надеж и оптимистички дух.

Ноември -Топаз

Топазот означува верност, храброст и почитување. На тој што го носи ќе му подари здравје, верност и среќа. За него, семејството секогаш ќе биде на прво место.

Декември – Тиркиз

Тиркизот е камен кој носи среќа, здравје и мир. Тој кој го носи е отворен, искрен и грижлив. Ја зајакнува менталната способност и ја подобрува меморијата. Често се дава како подарок за венчавка и веридба.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот