Кој ја направил првата подморница?

0

Човекот многу одамна сакал да плови под водата, а најраните податоци за бродот што е изграден за таква пловидба потекнуваат од 1578г.

Британскиот математичар Вилијам Бурн таа година објавил книга во која се наоѓал цртеж на целосно затворен брод, кој што можел да нурка и со весла да се движи под вода. Се состоел од дрвен труп покриен со кожа што не пропушта вода.

Нуркал откако му се смалувала запремнината со стеснување со помош на рачни стегачи. Бурн никогаш не го изградил тој свој брод што го направил некој друг, пуштен во морето 1605г. Заслугата за за изградба на првата подморница обично му се припишува на холадскиот научник Корнелиус ван Дребел.

3715_01

Тој неколку пати маневрирал со својата подморница во реката Темза на длабочина 3,5 – 4,5метри. И Дребеловиот брод има дрвен труп, обложен со измастена кожа.

Тој брод е изграден 1620г. Интересот за подморниците бил толку голем што во 1727г. Во Англија се патентирани 14типови подморници. Како оружје за напад подморницата за првпат е употребена во поморското војување за време на американската револуционерна војна против Англичаните.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот