Koj e Maурисио Умански, кралот на недвижности од Беверли Хилс?

0

Маурисио Умански е американски мексиканец кој во моментов е најпознатиот агент за недвижности во САД. Тој се појави во реалното шоу „Real Housewives of Beverly Hills“ преку кое светот дозна за него.

Познат е по својата упорност и успешност при продажба на недвижни имоти што му донесе место на листата на Топ 25 најдобри агенти во Америка.

14045136_10210853807169070_1234955945_o

Маурисио Сајмон Умански е роден во Мексико на 25 јуни 1970 година. Кога имал 6 години, неговото семејство се преселило во САД, каде тој го продолжува животот и го почнува своето образование.

Но, откако ќе се запише на Универзитетот на Јужна Калифорнија, тој решава да го напушти бидејќи сака да почне свој бизнис.

maxresdefault (1)

Тој на почетокот заработувал продавајќи облека во што се покажал како одличен трговец. Следната работа на која се посветил била токму денешната – работел како агент за недвижности во компанијата ”Hilton & Hyland”, која била на неговиот зет, Рик Хилтон. Фирмата се наоѓала во Беверли Хилс, Калифорнија и била специјализирана за продажба на куќи во Беверли Хилс, Бел Ер, Брентвуд и останатите елитни населби во оваа држава.

Неговата прва продажба била точно 7,5 милиони долари.

Во 2001 година, Умански основа своја агенција која го носи името “The Agency” . Решил дека треба да продложи да го прави тоа во кое е најдобар, а тоа е продажба на луксузни недвижни имоти во Беверли Хилс.

14080935_10210853807129069_58585531_n

Листата на клиенти кои соработуаат со него е долга, а на неа има многу познати имиња меѓу кои Софија Вергара, Ким Кардашијан, Кание Вест и многу други.

dish-060215-mauricio

На тронот на калифорнискиот пазар на недвижности тој се искачи со заработка од 100 000 долари од продажба на имот, а со тоа влезе и во првите 10 во САД.

Инаку, кога станува збор за неговиот приватен живот, тој е оженет со америнската актерка Кајли Ричардс, а живее во елитната населба Бел Ер во Калифорнија. Заедно имааат три ќерки, Алекса, Софија и Порша.

Mauricio-Umansky-Kyle-Richards-host-ONE-DROP-event-in-Beverly-Hills

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар