Кој е Чарлс Буковски?

0

Син на американски војник и мајка германка. Роден 16 август 1920 година.

Неговиот доминантен татко останува без работа, почнува физички да го малтретира.

Акните кои му се појавиле во адолесцентскиот период оставаат лузни на неговото лице и тој се повлекува, чувствувајќи се како губитник.

Многу рано почнува да конзумира премногу алкохол.

После една кавга со татко му, кога тој му ги исфрла веќе напишаните дела од домот, заминува и го напушта колеџот.

Во воениот период, живее како бездомник, патувајќи низ Америка и одработувајќи ситни работи за да заработи малку пари.

Ја запознава Џенет Конели Бејкер, постара од него десет години, алкохоличарка и во врска со неа поминува десетина години.

Потонува во алкохолизам и во 1955 е хоспитализиран поради внатрешно крварење во желудникот.

Ја прекинува врската со Џенет и се жени со Барбара Фреј, сопственичка на литературното списание “Арлекин“.

Се разведува после две години и почнува да работи како поштенски службеник.

Првиот роман “Post office” го пишува додека работи во пошта.

Во 1976 година ја запознава Линда Ли Бејли, сопственичка на ресторан за здрава храна, 25 години помлада од него.

Се жени со неа во 1985 година и неговиот живот за првпат добива мирен тек.

Вози BMW, слуша класична музика, пишува и ужива во друштвото на своите мачки.

Умира во 1994 година од леукемија.

Чарлс Буковски

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

 

Остави коментар