Кои се вашите карактеристики според крвната група

0

Докторот Peter Adamо издаде книга за карактеристики на крвните групи. Што тие значат, како човековото тело функционира во зависност од крвната група, здравјето и влијанието на исхраната.

Книгата „Blood Type and Your Health“, обработува тема важна за секој човек. Секој поединец е важно  да ги знае позитивните и негативните карактеристики на телото според крвната група.

Во зависност од тоа кои протеин е присутен во ќелиите на крвта разликуваме четри крвни групи: А, Б, АБ, и О. Крвните групи  А и Б содржат различни протеини додека АБ групата во еритроцитите ги содржи двата. Тоа е причина зошто оваа крвна група може да прима крв од сите три крвни групи (ако се вклопува и Rh факторот), додека пак оние со нулта може да примаат крв само од О, но затоа се универзални дарители на крв.

Погледнете ги карактеристиките на вашата крвна групи според книгата на доктор Peter Adamо.

Крвна Група О

Карактеристики: љубители на месо, самоувереност, водич, и ловец;
Позитивни: брз метаболизам, силен дигестивен систем, природна заштита од инфекции и одличен имунитет;
Негативни: Одбивност кон нова исхрана и промена на околина, претерување со физички активности кои влијаат на имуниот систем и го нарушуваат здравјето.
Ризици: коагулација на крвта, восплание на зглобови, намалена функција на штитни жлезди, алергии и чир.

Крвна група А

Карактеристики: кооперативност, прецизност, промисленост и љубители на природата;
Позитивни: Прилагодливи на нова исхрана и околина, лесно ја вари храната со хранливи материи;
Негативни: Чувствителен метаболизам, слаб имунитет склон кон инфекции;
Ризици: рак, слабокрвност, слабо срце, ризик од заболувања на црниот дроб и жолчката.

Крвна група Б

Карактеристики: љубители на патувања, врамнотежени, еластични и креативни
Позитивни: силен имунитет, прилагодливи на нова средина и начин на исхрана, балансиран нервен систем;
Негативни: често разболување од автономни болести и ретки вирусни инфекции;
Ризици: шеќер, хроничен замор, автоимуни билести ( лупус, мултиплекс склероза…)

Крвна група АБ
Карактеристики: уникатни, харизматични, таинствени и мистериозни;
Позитивни: лесно прилагодливи на услови, толерантен имун систем, спој на групите А и Б;
Негативни: чувствителен систем за варење, премногу толернтен имун систем е склон и кон инфексии, негативно реагира на промена на средина како и личностите со А и Б крвна група.
Ризици: рак, слабокрвност и слабо срце;

Преземено од книгата на др. Peter Adamо „Blood Type and Your Health“.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот