Кои се тајкуните и зошто така ги викаме?

0

Во последниве години, поимот тајкун се врзува за нешто негативно, а реално до пред некое време и многу луѓе не знаеја што точно означува самиот збор. Понекогаш го употребуваат за криминлаци, крадци, луѓе кои за кратко време го стекнале богатството благодарение на разни криминални дејствија.

Но, како и за многу други работи, така и ова добило погрешна конотација.

Тајкун, всушност е неформален израз со кој се означува човек кој зазема значајно место во светот на индустријата заради што и стекнал големо богатство.

Тајкунот е многу богат и моќен човек, кој со професионалните одлуки и потези успеал да ја искористи својата економска шанса во светот на индустријата. Покрај изразот тајкун, се користат и термините магнати и могули.

Самиот збор води потекло од Јапонија и изведен е од терминот „taikun“ чие оригинално потекло е кинеско, а во буквален превод значи „голем господар /принц“ или „врховен командант“.

Денес во јапонскиот јазик ова е архаичен збор , додека во периодот од  1600 до 1867 година, овој збор е користен  како титула со која се означувале високи командири на воените сили, како на пример за јапонскиот шогун.

Модифицираната верзија на овој термин се јавува и денес во англискиот јазик „taycoon“, a се однесува на богатите менаџери. Зборот е внесен во англискиот речник по враќањето на поморскиот командир Метју Пери од Јапонија, кој во 1854 година заминал да преговара со јапонскиот шогун мислејќи дека тој е царот.

Американскиот претседател Абрахам Линколн бил нарекуван тајкун на шега од неговите соработници, причина заради која се проширил терминот во бизнис светот, каде се користи и денес.

Најпознати тајкуни во светот

Доналд Трамп успеа да се збогати благодарение на вистински вложувања во вистинско време во недвижности. Иако, еднаш речиси дојде до банкрот, сепак успеа повторно да се издигне.

Амансио Ортега, основачот на ланецот продавници „Зара“ првите заработени пари го вложил во производство на облека наменета за широка популација. Правилен потег кој влијаел на тоа луѓето да почнат да внимаваат на облеката кој ја носат, нешто што не било карактеристично до тогаш. Денес е еден од најбогатите Шпанци.

Ингвар Кампард, основач на компанијата ИКЕА, како дете во Стокхолм купувал ќибритчиња на големо и ги продавал по пониска цена. Сфатил дека може да ги продава евтино и во местото каде што живее и се уште да има заработка од тоа. Својот бизнис го започнал на велосипед. После тоа почнал да препродава риба, украси за елки, пенкала, а потоа со неговиот вујко почнал да прави кујнски столови. Тој одлучил да го прошири бизнисот за производство на комплетен куќен мебел и…останатото е историја.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.