Кои се спортовите кои ќе ви го продолжат животот

0

Научниците анализирале различни видови на вежби и заклучиле дека некои спортови се многу подобри од други, односно дека влијаат многу подобро на здравјето од другите и носат подолг живот.

Резултатите велат дека тоа се пливање, тенис и аеробик.

Утврдено е дека споредено со другите спортови, ризикот за смерт од која било причина е помал за 47% кај луѓето кои се бавеле со тенис, 28% кај пливачите и 27% кај љубителите на аеробик.

Кога станува збор за стапката на смртност од срцев или мозочен удар, ризикот кај тенисерите се намалува за 56%, кај пливачите 41% и кај спортистите кои вежбаат аеробик за 36%.

„Оние кои се занимаваат со спорт што имаат помала смртност од оние кои не се занимаваат со ништо. Јас ќе продолжам да им зборувам за своите пациенти дека физичката активност која вклучува трчање е многу поефикасна заштита од кој било лек што ќе им го дадам “ – професорот кој бил вклучен во истражувањето на Универзитетот во Шефилд, а воедно и кардиолог, Тим Чико.

Ова е уште една потврда дека физичката активност е клучен сегмент во нашиот живот на која мора да обрнеме внимание и да најдеме време за истата.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот