Кои се најстарите компании во светот?

0

Голем број компании живеат до 10 години. Голем број од нив опстојуваат и по 50 години. Но, некои успеале да опстојат подолго… по неколку века. Овие пет работат без престан од нивното основање, а најмладата од најстарите постои од точно 705 година. Пресметајте колку точно години се тоа до денес.

Хотел Нишијама Онсен Кеункан

Локација: Јаманаши, Јапонија

Постои од: 705 година

Овој хотел е отворен 705 година покрај изворите на топла вода во јапонскиот град Јаманаши. Како што пишува магазинот Домино, ова е најстариот хотел во светот, но и компанија којашто работи најдолго без престан – 1312 годиби. Со хотелот и денес управува истото семејство што го основало и до сега се смениле 52 генерации. Во што се крие нивната тајна на успехот? Велат, во големото почитување меѓу генерациите.

Ресторан Стифтскелер Сент Питер

Локација: Салцбург, Австрија

Постои од: 803 година

Ова е најстариот ресторан во светот и втората најстара компанија што работи без престан од 803 година. Ресторанот за своите преку 1200 години постоење бил домаќин на некои од највидните луѓе во историјата. Денеска овој ресторан е луксузен, ама не и недостижен и скап за обичните посетители.

Барот Шонс бар

Локација: Атлоне, Ирска

Постои од: 900 година

Најстариот бар во светот постои во Ирска, што е, можеби и логично, знаејќи колкави љубители на пиво се Ирците. Тајната на нивниот успех е во локацијата на којашто се наоѓа. Пред повеќе од 1100 години жителите на блискиот замок и околните села доаѓале тука на пиво, па традицијата да се посети барот постои и денес.

Пивница Ваинхенстепан

Локација: Фрајзинг, Германија

Постои од: 1040 година

Оваа баварска компанија произведува пиво скоро 1000 години. Таа е најстарата пивница во светот. Дека знаат како да подготват добро пиво говорат и бројките поврзани со нивната долговечност. Вкусот на пивото е ист како и на почетокот, а претставува мешавина од арома на банана, гума за џвакање и неколку состојки што ги држат во тајност.

Дестилерија Фрапин

Локација: Сегоњак, Франција

Постои од: 1270 година

Оваа дестилерија се прославила со својот коњак. И денеска истото семејство е сопственик на земјата и на лозјата кои ги основале нивните претци.

А знаете ли кога е основана најстарата банка на светот? Далечната 1472 година ја основал Монте деи Паски де Сиена и таа и понатаму постои во Италија.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот