Кои се најсреќните години од животот?

0

Психолозите сметаат дека не постои формула за среќа, бидејќи таа зависи од начинот на кој го живееме животот, а тоа е индивидуално. Но, на среќата влијае и бројката на свеќи кои ги дуваме на роденденската торта…

Помеѓу дваесеттите години и педесеттите години, човекот се соочува со многу извори на стрес кои можат да влијаат на квалитетот на нашиот живот. Треба да дипломирате, да пронајдете добра работа, да основате семејство, да го решите станбеното прашање… Се претпоставува дека со влегувањата во шестата деценија конечно се си доаѓа на своето место.

Кога зборуваме за биолошкиот часовник, се чини дека тој „чука најсилно“ во триесеттите години кога жените чувствуваат потреба да се реализират како мајки, а мажите се под притисок конечно да се смират и да основаат семејство. Иако современиот начин на живот ги поместува возрасните граници, сепак многумина чувствуваат страв од зрелите години.

Но, зрелите години не се викаат баш така случајно. Тие со себе носат низа на предности поради кои неретеко токму зрелото доба е најубавото доба во животот. Животното искуство во таа возраст носи мудрост, рационалност и свесност, а ако сето тоа е поткрепено со финансиска независност и задоволство од фамилијарното опкружување, тоагш со сигурност зрелите години се и најсреќните од нашиот живот.

Различни истражувања покажале дека нивото на задоволство од животот опаѓа во периодот од 20 до 40 години, па после четриесеттата почнува да се зголемува. Експертите сметаат дека апсолутно погрешно е мислењето дека старите луѓе се помалку среќни од младите. Напротив, според истражувањата, луѓето се најзадоволни од животот и најсреќни околу 55-тата година од животот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

 

Остави коментар