Кои се најплатените рагбисти во светот?

0

Едно од најголемите спортски случувања во Америка е Супербол-от, денот кога на теренот излегуваат двете најдобри рагби екипи во земјата во изминатата сезона.

Омилениот спортски настан оваа година е закажан за утре (недела, 05.02). Американците се надеваат на добар рагби натпревар помеѓу Atlanta Falcons и New England Patriots, но светот е во исчекување на музичкиот спектакл кој се случува секој пат на полувремето.

Овој пат настап ќе има Лејди Гага, па нормално е очекувањата за нејзиното шоу да се огромни.

Рагбито не е популарен спорт кај нас, но професионалните рагбисти заработуваат огромни суми пари, колку професионалните фудбалери во Европа, не пример.

Ова се десетте најплатени рагбисти од двата тима што ќе играат во утрешното финале.

10.Киану Нил – игра за Atlanta Falcons во одбрана, а заработи 6.5 милиони долари.

9. Донта Хајтауер – настапува за New England Patriots на средната линија. Неговата заработка изнесува 7.8 милиони долари.

8.Мухамед Сану од Atlanta Falcons е прифаќач на топката. Тој заработи 8 милиони долари од договорот и 1 милион од бонуси.

7.Девин МекКортни од New England Patriots игра во одбраната. Платен е 9.9 милиони долари.

6.Маркус Канон од New England Patriots заработува 10,7 милиони долари од договорот и уште околу 4 милиони од бонуси.

5.Роберт Алфорд од Atlanta Falcons со 10.9 милиони долари е на петтото место. Дополнителна заработка има од околу 1 милион долари од снимање реклами.

4.И Алекс Мер игра за Atlanta Falcons. На своето салдо од договорот со клубот оваа година прокнижи 13.3 милиони долари.

3.Хулио Џоунс заработи 13.5 милиони долари. Игра за Atlanta Falcons.

2.Мет Рајан од Atlanta Falcons има плата од 15.8 милиони долари. Тој е лидер на одбраната на тимот.

1.Том Брејди – не изненадува што главниот напаѓач на New England Patriots заработува најмногу од сите. Со неговата игра и реноме, уште долги години ќе биде дел од овој спорт… за многу пари.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот