Кои се најкреативните македонски инстаграмџии?

0

Социјалната мрежа Инстаграм почна да станува сè поактуелна и на нашите простори. Сведоци за тоа се младите генерации кои го преферираат Инстаграм пред Фејсбук.

Всушност, би рекле дека денес да немаш Инста профил е како да си немал Фејсбук пред три-четири години кога таа социјална мрежа го достигнуваше врвот на популарноста.

Додека постојано читаме за странските Инстаграм ѕвезди, сфативме дека треба да  им дадеме простор и време на македонските Инста корисници. Профилите на македонските инстаграмџии се инспиративни, интересни, креативни, весели, моќни. Светски, а наши!

Дона Неделковска

donna-nedelkovska

Нејзините фотографии се за малите нешта кои го прават животот голем и убав. Оние нешта кои навидум се толку едноставни, а толку моќни како кафе по идеална мерка, нежни морски бранови, цвеќиња, овошје, вкусни колачиња, добри книги… Следете ја на https://www.instagram.com/donnaoctober/

Александар Буневски

bunevski 4

Неговите фотографии се повеќе од одлични, затоа што е професионален фотограф, па знае како да направи совршен кадар. Неговиот Инста профил ве води во една друга димензија и ќе ви даде една поинаква перспектива на старата архитектура, чудата на природата кои не ги забележуваме, променливото небо… Добар дел од неговите фотографии ќе посакате да си ги врамите во рамки. Буневски можете да го следите на https://www.instagram.com/bunevski/

Марија Петровска

Marija Petrovska 1

Фотографиите на оваа млада архитектка се инспирирани токму од архитектурата и сите геометриски форми. Најчесто постира црно-бели фотки од интересни градби со форми и елементи на фотографиите кои се повторуваат. Фотките на Марија се сведоци за тоа колку архитектурата може да биде прекрасна. Следете ја на https://www.instagram.com/marija.petrovska.355/

Теона Манго

teona

Теона е млада девојка која е вљубена во фотографирањето, уметноста, патувањата и модата. Нејзиниот Инстаграм профил ќе ве одведе на волшебни туристички дестинации, а нејзините моменти на одлични модни комбинации ќе ве инспирираат. Неодамна, Теона го започна и својот блог, www.teona.mk, а нејзиниот Инста профил е на следнава адреса: https://www.instagram.com/teonamango/

Антонио Димески

antonio-dimeski

Неговиот профил ќе ви наликува на енциклопедија за природата… Таа неуморна природа која непрекинато се движи околу нас, струи и шумоли, нè преплавува со мачични нијанси, природата која не потсетува дека колку и чуда да има, таа е најголемото! Фотките на Антонио се на овој линк: https://www.instagram.com/dimeskyy/

И следниот понеделник се читаме на Hybread.mk со нова доза на Инстаграм – уметност! 🙂

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.