Кои се најчестите сексуално-преносливи болести?

0

Сексуално-преносливите болести можат да предизвикаат сериозни здраствени проблеми. Затоа е добро да се биде информиран и да се внимава на репродуктивното здравје. Дали знаете кои се најчестите болести на половите органи и како се пренесуваат?

HPV

Се појавуаат брадавици во областа на гениталиите кои се пропратени со јадеж, а некаде и крварење. Кај мажите го зголемува ризикот од рак на дебелото црево и простата, додека кај жените може да предизика рак на грлото на матката. Се пренесува преку контакт со заразена слузница и кожа, а забележен е и кај девојки кои не се сексуално активни и немале сексуални односи.

Гонореја

Првите симптоми се пецкање и силна болка за време на уринирањето, а следи покачена телесна температура и главоболка. Доколку не се лекува може да предизвика неплодност, а ако дојде до крвта може да стигне до мозокот, срцето и останатите органи. Во најтешките случаи се можни слепило и парализа, а се лекува со антибиотици.

Сифилис

Сифилисот го предизвикува reponema pallidum, односно нејзиниот подвид pallidum. Првиот знак е чир на половиот орган, а потоа осип по целото тело, топлина, опаѓање на косата и страдање на внатрешните органи. Мора да се третира со антибиотици бидејќи постои опасност од смрт.

Хепатит

Го има во неколку видови, но тука станува збор за „Б“. Почнува со болка во зглобовите, жолтица, замор, болки во стомакот, повраќање…Не ги зафаќа половите органи, но се манифестира со напад на другите органи, поконкретно црниот дроб.

Кламидија

Од кламидија страдаат жените, додека мажите можат да бидат само преносители. Можноста за зараза е многу висока бидејќи се пренесува преку сите телесни течности. Први симптоми се болка во долниот дел од стомакот, температура и вагинален изцедок со гној. Се лекува со антибиотици, а доколку не го направите тоа ризикувате неплодност.

ХИВ/СИДА

Ова е најопасната сексуално-пренослива болест, а вирусот на ХИВ го напаѓа целиот имунолошки систем и го уништува. Првите симптоми можат да бидат слични на грип, но може со години да мирува во организмот. Доколку се заразите станувате доживотен носител на вирусот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот