Кои се најбогатите фудбалски клубови на светот?

0

Според истражувањата на престижниот „Форбс, шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид е најбогатиот клуб на светот и тој вреди околу 3.6 милијарди долари. „Кралскиот клуб“ веќе четврта година по ред e прв на листата.

Зад него се наоѓаат Барселона со 3.5 милијарди долари и Манчестер Јунајтед чија вредност се проценува на 3.3 милијарди долари.

Реал од Мадрид на годишно ниво заработува околу 694 милиони долари, а меѓу најбогатите на светот се наоѓаат уште неколку познати клубови.

Баерн Минхен (2.7 милијарди долари), Арсенал (2 милијарди долари), Манчестер Сити (1.9 милијарди долари), Челзи (1.6 милијарди долари), Ливерпул (1.5 милијарди долари), Јувентус (1.3 милијарди долари) и Тотенхем со годишна заработка од 1 милијарда долари исто така се наоѓаат на листата на најбогати клубови.

Истражувањата покажуваат дека за период од една година вредноста на клубовите пораснала за 24% , пред се поради придонесот од тв правата и спонзорствата.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот