Кои се лековитите својства на семките од лубеница?

0

Во лето, сите сакаме да јадеме лубеници. Освен што го хидрира нашето тело, лубеницата е и лековита.

Лубеницата во себе содржи ликопен кој ја штити кожата од оштетувањата кои настануваат од сонцето.

Лубеницата е одличен извод на калиум кој помага кај функцијата на мускулите и нервите, а заедно со тоа го намалува ризикот од високиот крвен притисок.

Во лубеницата има доволно количество витамин А, кој пак го одржува здравјето на очите и коските. Овој витамин е исто така важен за регулирање на имунолошкиот систем.

health-benefits-of-watermelon

Но, веројатно не знаете дека најлековитиот дел од лубеницата се нејзините темно кафени семки од кои се прави чај кој особено се препорачува на лицата кои имаат проблеми со песок или камења во бубрезите.

Честите воспаленија на уринарните патишта и честите промени на крвниот притисик се доказ дека со буберзите нешто не е во ред.

Каменот во бубрезите обично се создава во средиштето на бубрезите, каде што се собира урината пред да оди во мочниот канал, цевка која води до мочниот меур. Тој се создава кога одредени материи во урината, вклучувајќи калциум, се кристализираат и тие кристали се таложат.

Бубрежните камења кои се придружени со силни болки, крв во урината, мачнини и висока температура се честа појава.

Освен терапијата која ја препишуваат докторите, за ваквата дијагноза помага и чај кој се прави од семките на лубеницата.

За да го направите чајот потребна ви е една лажица мелени семки од лубеница кои ќе ги потопите со половина литар врела вода и ќе оставите чајот да се олади. Исцедете го чајот и веднаш испијте. Чајот можете да го пиете најмалку три пати на ден.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар