Кои се ќерките на Барак Обама?

0

Сегашниот претседател на Соединетите Американски Држави, Барак Обама од 1992 година е во брак со Мишел Обама. Барак и Мишел имаат две ќерки, Малиа и Наташа која светот ја знае како Саша.

Малиа е родена на 4 јули 1998 година, а Саша е родена на 10 јуни 2001 година.

Во 2014-тата година, магазинот Тајм ги прогласи Малиа и Саша за највлијателни тинејџерки на годината, а Саша е најмладиот жител на Белата Куќа воопшто.

Пред инаугурацијата, Обама објави писмо до неговите ќерки во кое посака тие и сите американски деца да растат во свет кој нема да ги ограничува нивните соништа и да пораснат во посветени и упорни жени кои ќе го менуваат светот.

Обама се труди да ги чува неговите ќерки што подалеку од очите на јавноста и новинарите, но тоа не секогаш е возможно.

Малиа го сака фудбалот, танцувањето и театарот, а Саша практикува гимнастика, свири на пијано и игра тенис.

Саша и Малиа, кога и да се појават во јавност го привлекуваат вниманието на светот. Секогаш се насмеани, облечени во зависност од приликата, покажувајќи ги своите манири. Саша и Малиа своето образование го добиваат во приватното училиште „University of Chicago Laboratory Schools.“

hbz-obamas-ap-images_1 hbz-sasha-malia-obama-gettyimages-158037160 hbz-sasha-malia-obama-gettyimages-159771483 hbz-sasha-malia-obama-gettyimages-159846154 hbz-sasha-malia-obama-gettyimages-165122915 hbz-sasha-malia-obama-gettyimages-170811036 hbz-sasha-malia-obama-gettyimages-170846841 hbz-sasha-malia-obama-gettyimages-171781850 hbz-sasha-malia-obama-gettyimages-452521413 hbz-sasha-malia-obama-gettyimages-454393814 hbz-sasha-malia-obama-gettyimages-459617364 hbz-sasha-malia-obama-gettyimages-465542006

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар