Кои намирници се здрави за вашето срце?

0

Срцето е најважниот орган во човековото тело, па затоа мора да се грижите за него. Здравата исхрана и вежбањето се од витално значење ако сакате да имате здраво срце. А кога е храната во прашање, експертите ги препорачуваат овие седум намирници.

Цели житарки

Смалете го белиот леб со леб кој содржи цели житарки во себе и можете да го намалите ризикот од коронарни болести или од срцев удар. Обичното брашно не ги поседува квалитетите на целите житарки, затоа, направете мала промена во исхраната.

Јаткасто овошје

Иако ова овошје содржи многу маснотии, монозаситените масти ја унапредуваат работата на срцето. Испитувањата покажале дека е доволно дневно да консумирате една порција јаткасто овошје за да го намалите ризикот од коронарни болести.

Чоколадо

Верувале или не, темното чоколадо е здраво за вашето срце, а луѓето кои јадат барем два реда чоколадно дневно имаат подобар проток на крвта. Полифенолимот во темното чоколадо ослободува азотни оксиди кои влијаат на подобар проток на крвта, го намалуваат собирањето на тромбоцитите, а тоа го зајакнува срцето.

Авокадо

Богато е со витамин Б, особено Б5, кој е важен за адреналинот. Неговата кремаста текстура и моно заситените киселини, но и протеините кои се наоѓаат во него, го намалуваат прекумерниот апетит.

Омега 3 масти

Овие масти може да се најдат во морските, животинските и во растителните извори, а одлични се за здравјето на срцето.

Семки од тиква

Овие семки содржат магнезиум кој го намалува стресот и е добар за срцето. Содржат и многу протеини и здрави маснотии кои предизвикуваат чувство на заситеност.

Зелен чај

Една скорешна студија покажала дека зелениот чај ја подобрува функцијата на ендотелните клетки кои кружат во крвотокот. Дисфункцијата на овие клетки предизвикува задебелување на ѕидовите на артериите, а тоа доведува до срцеви заболувања.

Секако, не мора сите овие намирници да ги консумирате секојдневно, но препорачливо е да ги вклучите во исхраната.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот