Кои места во светот имаат интерсни климатски услови

0

Кога одбирате следна дестинација каде би патувале, дознајте и каква е климата таму. Ова се петте места во светот кои имаат интересна клима, многу сонце и малку дожд…

Аризона, држава која се наоѓа во Америка, е најпозната по големиот број сончеви часови. Според Гинисовата книга на рекорди, градот Јума е најсончевиот град во светот со 4.000 сончеви часа годишно, односно 11 сончеви часа дневно.

Еквадор е земја во која владее вечна пролет бидејќи дневните температури во оваа земја се задржуваат на пријатните 25 степени.

Намибија во просек е држава со најмалку дожд. Жителите на Намбија секоја година гледаат по помалку од 2,5 сантиметри дожд на метар квадратен.

Иако во Кипар температурата може да се искачи и до 40 степени целзиусови, поради близината на океанот воздухот секогаш е свеж и пријатен.

Демократската Република Конго, пак е една од метеоролошки најтивките земји на светот бидејќи има најнизок просек на ветровито време.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот