Кои лекови треба да ги носите на пат?

0

Одењето на пат подолго од неколку дена значи дека со вас треба да понесете лекови, кои никако не се на одмет, особено ако тргнете на пат со деца.

Не тргнувајте на пат без вода или сокови (течностиte, генерално се препорачливи) и без храна. Никогаш не знаете колку долго може да трае патот до крајната дестинација, дали ќе ви се расипе автомобилот па ќе треба да чекате, или ќе останете „заглавени“ на граница. Освен водата за пиење препорачливо е да носите и балонче со вода во случај автомобилот да остане без вода, или, пак, да треба да ги измиете рацете откако ќе се обидете да го поправите дефектот.

Какви лекови треба да носите со себе?

Лекови против мачнина се препорачуваат за сите што не можат да издржат на долг (или пократок пат) без да почувствуваат лошење или мачнина во стомакот.

Лековите против болки се задолжителни, бидејќи е голема веројатноста дека барем еднаш во тие неколку дена некој член од семејството ќе го заболи главата.

Носете лекови за намалување на температурата, особено ако патувате со мали деца.

Лекарот нека ви препише и антибиотици кои ќе ги носите превентивно со себе, особено кога патувате во зима, а можноста да се разболите е поголема.

Не тргнувајте на пат ни без лекови против алергии, бидејќи организмот секогаш може да ви реагира на одреден тип храна, да покаже реакција на некое растение или да ве полази/гризне/боцне некој инсект.

Препорачливо е во торбата со лекови да носите и фластер, стерилна газа, спреј или маст против изгореници, алкохол или хидроген во мали шишенца.

Доколку имате редовна терапија, секако не смеете да тргнете од дома без тие лекови.

ВАЖНО: пред тргнување на пат, задолжително проверете го датумот на производство, односно рокот на употреба. Не сакате да понесете лекови чиј рок е поминат и со чие консумирање можете само да си ја влошите состојбата.

Среќен пат!

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот