Кои фрази не треба да им ги кажувате на вашите деца

0

Родителите секогаш се трудат и да го воспитаат детето на најдобар можен начин. Како и сите човечки суштества, тие прават грешки. Стручните лица, чија специјалност семејна психологија велат дека постојат неколку реченици кои никогаш не смеете да му ги кажете на вашето дете.

Кога бев на твоја возраст, јас бев најдобар во сè

Од раѓање па се до 6 годишна возраст родителите се пример за се во животот на детето. Тие има помагаат да изградат став кон светот и да ја создадат својата личност. Некои фрази како “Не можеш никогаш да ме фатиш” и “Што и да направиш, јас можам подобро” создаваат натпревар помеѓу родителот и детето. Големи се шансите детето кое расте слушајќи вакви фрази, ќе порасне во личност која ќе се обидува постојано да ги задоволува и импресионира родителите, а често ќе бара и одобрување за постапките.

Ти со моето малечко мајмунче, прасенце и слично термини…

Штом родителите почнат да им се обраќаат на овој начин на децата, психолозите велат дека се на добар пат да ги претворат во објекти.Се што ќе кажат родителите децата го памтат и го интерпретираат како нешто позитивно. Дури и во ситуации кога зборовите кои ги употребиле означуваат негативни ситуации. На децата треба да им се обраќаат со вистинското име, она кое ќе го користат пред светот за да ја претстава својата личност.

Другото дете имаше подобри резултати на тестот

Родителите имаат најдобри намери. Но оваа реченица може да ги повреди длабоко и да остави лузни на нивната личност и самодоверба. Ниту едно дете не сака да биде споредено со друго дете. Не сакате ни вие.

Ако го направиш ова уште еднаш, ќе престанам да те сакам

Слична фраза на оваа е: “Ако го направиш ова за мене, ќе те сакам”. Грешка.Ова ќе создаде тежина и одговорност каква што не треба кај детето, наместо да има слободно и безгрижно детство без услови.

Не ме терај да се срамам  од тебе

Децата кои ја слушаат оваа реченица често, имаа чувство дека постојано треба да се докажуваат, за да не ги прават истите грешки како порано. Децата во оваа ситуација чувствуваат дека немаат друг избор во животот осцен наметнатиот.

Ист/а си како мајка ти/татко ти

Иако овие фрази најечесто се кажуват во лутина, сепак тие на детето му покжауваа дека односот помеѓу родителите не е како што треба. Родителите своите фрустрации ги комуницираат преку детето што е уште една грешка која ќе остави траги на неговата личност.

Секогаш треба да се внимава на однесувањето пред децата. Тие се како сунѓери кои впиваат се, го интрперетираат и доживуваат поинаку отколку што мислиме. Потребно е да се изфради во здрава и сигурна личност, наместо човек кој ќе има стравови кои ќе го враќаат назад.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот