Кои болести може да се третираат со физикална терапија?

0

Одамна е познато дека физикалната терапија може многу да им помогне на луѓето кои страдаат од проблеми со мускулите, скелетот и дека е корисна при спортските повреди. Но, постојат и други состојби и болести каде што може да се види нејзината ефикасност. Веројатно никогаш не би ни паднало на памет дека таа може да биде корисна за пациентите кои страдаат од Паркинсова болест, липидема, болки во карлицата, остеопорозата, но и при некои состојби кои секојдневно се среќаваат.

Вртоглавици

Вртоглавиците и нестабилноста се чести кај лицата постари од 65 години и можат да бидат многу опасни. Тие може да се спречат со вежби кои предвидуваат држење баланс односно вестибуларна рехабилитација. Преку терапијата пациентите учат да ја одржуваат рамнотежата и да го подобруваат видот.

Изгореници

Електричната стимулација, компресивните завои и машините за вежбање можат да помогнат при зацврстувањето на зглобовите. Имобилизацијата може да помогне при елиминација на лузните.

Дијабетис

Вежбите за аеробик помагаат при одржување на тежината и се препорачуваат за да ја подобрат чуствителноста на инсулин и да спречат оштетување на моторните функции. Таи чи вештината се покажала како добар подобрувач на рамнотежата кај пациентите со дијабет и периферна неуропатија.

Главоболки

Генеричкиот термин „главоболка“ означува повеќе типови на болка кои се јавуваат во пределот на главата и најчесто прават да чуствуваме голем притисок во главата и мигрена. Доколку пациентот страда од главоболки како резултат на повреда на черепот во минатото постои таканаречена рачна терапија за подвижност на вратот и зајакнување на грбните мускули.

Рак

Во комбинација со хемотерапијата, зрачењето, операциите и лековите, пациентите болки од рак можат да се обидат и со физикалната терапија. Таа е корисна кај пациентите со рак на белите дробови, дебелото црево, коските, мозокот и останати типови на рак бидејќи на болните можат да им помогнат со справување од несаканите ефекти од нивниот третман. Тие можат да ја одржуваат силата и да го намалат заморот. Американскиот Универзитет за спортска медицина на пацинетите кои се избориле со ракот им препорачува да вежбаат аеробик и флексибилни вежби за отпор најмалку 150 минути неделно.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот