Кои авионски патници посакувате да ги ‘исфрлите’ во лет?

0

Авионот е превозно средство како и сите други. Кога влегувате во авион, сакате да имате мирен и опуштен лет, без внатрешни турбуленции од страна на другите патници.

Има патници кои пред да полетаат секогаш имаат потреба од дополнителна услуга од стујардесите како перница, вода за таблета за спиење, против лошење…

Потоа тесни им се седиштата, па бараат објаснување зошто тоа не било наведено во условите, тие не платиле за тесни седишта.

Ако летате со ниско буџетна компанија таму има најнезадоволни патници бидејќи никогаш не ги имаат прочитани условите од крај. Изненадени заради наплатата на сè што ќе нарачате од вода до списание и храна.

Но, највисоко на листата котираат патниците кои ги клоцаат седиштата додека седат, заради сопствена неудобност и поубаво сместување.

Интересно е тоа овој вид патници ги надминуваат и оние со немирни деца, ароматичните патници и патниците кои се постојано потпрени или легнати на седиштата, покажало истражување кое се прави еднаш годишно од страна на „Expedia Airplane Etiquette Study“.

Истражувањето било направено на 1005 Американци над 18 години и покажало дека 64 % од нив најмногу биле изнервирани од патниците кои клоцаат по седиштето.

Напорните родители биле ставени на второ место со 59 %, а веднаш по нив ‘миризливите’ патници со 55 %.

Првото место на оваа листа е непроменето две години наназад, а во 2013 кога и првпат било направено, највиско котирале родителите со деца.

Студијата не дава конкретно решение како да се справите со проблемот, така што останува на вас да се снајдете како умеете. Можеби ќе се пожалите на стујардесата, таа да реагира во ваше име. Или пак, погледнете убаво наоколу после полетување, ако има слободно седиште на друго место, можете да се преместите, нема никој да ви замери.

Можеби и ќе ви биде поудобно. Како последна опција, пробајте да го замолите на убав начин да не го прави тоа што го прави, бидејќи ви пречи или пак можете да додадете информација како – имам проблем со грбот и клоцањето ми создава дополнителна болка. Патникот нема да знае дали е тоа вистина или, но ако има малку доблест и чувство за општо добро, ќе престане да го прави тоа.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот