Кога желбата за успех е голема, годините не се пречка

0

Порталот „Talksport“ неодамна го прогласи капитенот на белградски Партизан, Саша Илиќ за најдобриот стар фудбалер на светот. Тој има 39 години и сè уште не размислува да ја прекине својата кариера.

Илиќ за цено-белите почнал да настапува 1996 година, а во долгата кариера играл за Селта, Галатасарај, Ред Бул и Лариса. Одиграл 695 натпревари, постигнал 194 гола и освоил 15 трофеи со клубовите.

Тој е само еден од неколкуте фудбалери кои се на почетокот на петтата деценија во животот, а кои и понатаму активно се занимаваат со фудбал, еден од спортовите кои исцрпуваат најмногу. Еве уште неколкумина фудбалери на кои годините не им можат ништо.

Најстариот фудбалер кој настапил на едно Светско првенство е поранешниот голман на Колумбија, Фарид Мондрагон. Тој настапил на првенството во Бразил и кога стоел на голот на натпреварот против Јапонија, имал 43 години и три дена.

Со 40 години и 133 дена Дино Ѕоф бил најстариот фудбалер кој играл во едно големо финале. Ова се случило во Шпанија 1982 година, кога неговата репрезентација ја победила Германија со 3:1.

На Европските првенства рекордер во однос на годините е унгарскиот чувар на мрежата Габор Кираљ. Тој имал 40 години и 74 дена.

Најстариот играч кој играл во едно финале е германскиот репрезентативец Јенс Леман со 38 години и 232 дена. Но, неговиот тим изгубил од Шпанија.

Во Лигата на шампионите, најстар играч е Марко Балота, кој настапувал за Лацио, а имал 43 години и 253 дена. По него се Марк Шварцер од Челзи (41 година и 198 дена), Алесандро Костакурта од Милан (40 години и 213 дена).

Сите овие фудбалери веќе не се активни во спортскиот свет. Но, за разлика од нив, на годините сè уште не им се предаваат Казојуши Муира кој игра за Јокохама – тој во февруари ќе наполни 50 години. Во петтата деценија е и голманот на Стоук Шеј Гивен кој во април ќе наполни 41 година. Малку помлади од него се Франческо Тоти (во септември ќе наполни 40 години), Марко Сторари – голманот на Милан кој има 39 години, 39 години има и голманот на Монако Марко де Сантис, но и голманот на Пескара Албано Бизари. Една година помлади од нив се Џиџи Буфон и Стефано Сорентино.

Затоа, следете го нивниот пример… Здравиот живот значи активно вежбање и спортување, а овие мажи се доказ дека годините не се никаква пречка за тоа.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот