Кога великаните заминуваат

0

Две големи имиња од светот на спортот најавија дека веќе нема да ги гледаме на спортските терени. Првиот е Ф1 пилотот Џенсон Батон, вториот фудбалерот Стивен Жерар.

„Го започнувам овој викенд со помисла дека трката во недела ќе биде последна во мојата кариера. Во овој момент немам волја да возам веќе во Формула 1,“ изјави британскиот ас во пресрет на последната трка во сезоната којашто ќе се вози во Абу Даби во недела.

36-годишниот Британец не го прифати барањето на неговиот тим Мекларен да паузира една година и да се врати во 2018та. Сега и официјално вели НЕ на можноста да вози пак во Формула 1.

Кариерата ја започна 200 година, кога имаше само 20 години, и трката во недела ќе биде неговата 305 трка во кариерата. Повеќе трки од него имааи извозено само Рубенс Баричело и Михаел Шумахер.

Во долгата кариера остварил 15 победи, а возел за Вилијамс, Бенетон, БАР, Хонду, Брон и Мекларен.

 

Веднаш по него уште една спортска легенда, исто така од Англија, најави збогување со фановите.

Стивен Џерар, кој последните две години ги помина во ЛА Галакси го напушта тимот и најверојатно ќе остане на терените, но како помошник тренер во некој голем фудбалски тим.

„Ми треба малку време за себе и да размислам кој ќе биде мојот следен чекор,“ изјави Стиви Џи.

Скопро 20 години од кариерата ги помина на Енфилд, одигра 710 натпревари на кои постигна 186 гола и стекна статус на легенда.

Му недостига најсјајниот трофеј од Премиер лигата иако ги има трофеите од Лигата на шампионите, Купот на УЕФА, Суперкупот на Европа, три Лига купа, два ФА купа и еден Комјунити шилд.

Кога еден великан си оди е тажно… Ама кога во исто време заминуваат двајца, светскиот спорт губи многу.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.