Кога треба да платите, а кога не треба да се фаќате за паричникот?

0

Без оглед на тоа дали одите на вечера со клиенти од работа, на прв состанок со девојка или излегувате со другарите, треба да знаете дека постои и бон тон за плаќање на сметката.

Прв состанок 

Тој што го организирал состанокот плаќа, полот навистина не е важен.

Вечера со девојка/момче

Се менувате кој плаќа или ја делите сметката на половина.

Вечера со друг пар

Најдобро е сметката да се подели на два дела, освен ако едните не ги поканиле другите, во тој случај тие ќе честат.

Излегување со познаник

Ако имате приближно иста сметка, поделете ја сумата на половина. Ако имате нешто многу поскапо или многу поевтино, сосема е во ред да побарате одделна сметка или самите да пресметате кој колку треба да плати.

Излегување со блиски пријатели

Ако е некој што ви е многу близок, можете или да ја делите сметката или да се менувате на секое следно излегување.

Деловна вечера

Во овој случај треба да плати тој што ја организирал вечерата. Компанијата не смее да дозволи клиентот да се фати за паричникот.

Излегување со колеги од работа

Вообичаено секој плаќа што порачал.

Роденденска вечера

Нема дилема: тој што кани – плаќа.

Вечера со членови од семејството

Родителите главно им плаќаат на своите деца, но, убав гест е понекогаш и детето да ја подмири сметката, посебно ако работи и заработува добро.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.