Кога традицијата го оправдува насилството…

0

Различни облици на насилство, кои предизвикувале физичка и емоционална болка во минатото биле оправдувани од страна на традицијата, религиските верувања и уверувањата во тоа што е добро, а што лошо.

Врзувања на стапала- Оваа практика била привилегија во Кина, крајната цел на врзувањето била добивање на идеално убаво стапало според тогашните принципи. На девојчињата им се притискале прстите надолу кон петицата, и се мотале во завои. Доколку некое на некое девојче стапалата биле оставени да се развиваат онака како што одредува природата, го носела ризикот поради грдотијата, да се омажи со некој од посиромашно семејство. Врзувањето на стапалата буквално значело отварање на можноста на девојчињата да се омажат со некој побогат.

Спалување вештерки- оние жени кои биле успешни во заедницата се каменувале, а потоа спалувале. Се верувало дека овие жени имале натприродни моќи, затоа што само жените можеле да раѓаат деца. Тие биле прогласувани за вештерки и верувале дека со оваа практика нема да можат да продолжат да прават магии.

Сати- самозапалување на вдовици потекнува од Индија, каде што вдовиците при обредот на кремување или погребување на нивниот сопруг треба да се самозапалат. Сигурно се прашувате зошто? Епа затоа што било широко распространето верувањето дека патот до рајот за жените е преку лојалноста кон мажите како и дека во следниот живот заедно ќе живеат во вечна љубов.

Фемицид- познатата појава на инсистирање на многукратни бремености се додека семејството не добие машко дете, или пак покажување на нездоволство кога детето е женско. Најчесто оваа практика и ден денес е присутна во средини каде што е застапено мислењето дека одгледување на женски деца носи само проблеми.

„Кога миразот не е доволно голем- кога мојата братучетка се мажеше,чичко ми потроши повеќе од 5000 долари за миразот што се состоеше од пари во готовина, кујна, телевизор кој се сметаше за многу посакуван имот кај нас во маалото. Сепак оваа не беше доволно за роднините на маж и. После само две недели од венчавката почнаа да бараат уште, меѓутоа чичко ми немаше пари да им плати. Свекорот и деверот на братучетка ми ја врзале за креветот ја измачувале додека маж и ја полевал со керозин и ја потпалил. Таа набргу почина во болница.“

Во минатото најголем број од штетни културни практики биле применувани кон женскиот пол, со мислење дека жените сами се одговорни за позицијата во која се наоѓаат и дека нееднаквоста е заслужена. Евентуалната агресија што би се појавила кај жените како резултат на потчинувањето, било претставено како крајно непосакувано и неженствено однесување.

Подготви: Марија Алексиќ

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.