Кога сите работодавци би сфатиле од колкава корист е работењето надвор од канцеларија…

0

Ако работата ви се сведува на седење во канцеларија и тоа почнува да ве гуши, тогаш време е да направите нешто околу тоа. Познат е фактот дека креативноста не може да произлезе од четири ѕидови кои не ве мотивираат, туку од мешање со надворешниот свет каде има рој идеи и секој човек е потенцијален носител на истите. Од секого можете да се инспирирате, од секоја новонастаната ситуација. Без разлика дали работата го бара тоа од вас или не, понекогаш едноставно треба да се потрошат 30 минути од работниот ден на отворено за да бидете функционални кога ќе се вратите на обврските.

Едно истражување направено во САД на оваа тема покажало дека најомилени места за работа надвор од канцеларија се преферираните дестинации на вработените кои се подалеку од работното место, потоа на листата со резултати се појавиле блиски кафетерии, музеи, библиотеки, пабови, а дел од анкетираните одговориле дека најмногу се ралаксираат и се најпродуктивни во хотелска соба.

Веројатно и местото не е толку важно бидејќи станува збор за индивидуален избор, туку она што е важно се крајните резултати. Ако ваквиот пристап помага да се опуштите и придонесува до поголема продуктивност – направете го тоа.

Кај нас барем сè е блиску и сè е возможно. Ако денеска сонцето кое го гледате преку канцеларискиот прозорец ве мами надвор, тогаш излезете, купете кафе, чај, изедете едно праче торта а потоа со релаксисиран ум ќе се вратите посвежи назад. Речиси до секоја фирма во близина постојат места каде може да купите нешто слатко, кафе, чај или што и да посакате во моментот.

Од друга страна, протегнувањето на нозете ќе ви дојде одлично, а свежиот воздух ќе биде дополнителна придобивка. Ако пак работата ви е со флексибилно работно време, уште подобро. Денеска работете од вашиот балкон дома, од вашето омилено кафуле или пак од некоја клупа во парк.

Сè се сведува на тоа дека продуктивноста е најважна, а како стигнувате до неа решете вие. Претпоставените ќе ви бидат благодарни на крајот од денот за постигнатите резултати.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.