Кога пријателството ќе отиде предалеку

0

Неверството е неисцрпна тема – зошто еден од партнерите изневерил (или двајцата), што ги довело до тоа, како да се спречи, како на време да ги забележите знаците и дали/како да реагирате кога ќе помислите дека е нешто навистина сомнително со вашиот партнер.

Платонските пријателства меѓу мажите и жените се вистински тренд меѓу мажите и жените, и иако нема ништо лошо во таквите пријателства, можно е нештата да излезат од контрола и тие пријателства да отидат предалеку – до изневерување на партнерот. тогаш нема враќање назад; вие сте изневериле, а пријателството не може да биде исто како порано. Но, дали навистина секое машко-женско пријателство може да доведе до неверство? Секако дека не – а ако сакате вашето пријателство да биде меѓу таквите, еве на што треба да внимавате.

dollarphotoclub_73239136

Не е невообичаено мажот и жената да препознаат „сродна душа“ еден во друг, во смисла на рамо за плачење кога ќе се случи некоја катастрофа. Тоа може да се пријатели од училишните денови, колеги од факултет, колеги од работа… Мажот и жената секогаш меѓусебно се поддржуваат, имаат бројни теми за разговор, многу слични склоности, ама помеѓу никогаш да не проработи „хемијата“. Во некои случаи можеби и имало искрички, ама сепак ништо не се случило. Тие ќе излегуваат заедно, ќе си поминуваат убаво, ќе разговараат за сè и сешто, а меѓу другото, и за своите врски.

Со текот на времето пријателството се продлабочува, и тоа, секако, не е ништо лошо. Разговорите стануваат многу поинтимни. тој има проблем во врската, таа го теши и му помага со совети. Отворено разговараат и за своите сексуални потреби. Потоа доаѓа до заедничко опивање, поседни си заминуваат од кафулето, еден од нив е бесен и повреден… И можете да погодите што се случува следно.

16bowl-closeup-master675

Како да го избегнете таквото сценарио? Не е многу тешко, сè додека имате самоконтрола. Не е неопходно на вашиот пријател од спротивниот пол да му се жалите секогаш кога вашиот партнер/партнерка ќе ве изнервираат; не треба детално да им го опишувате сексуалниот живот и своите фантазија. Лоша идеја е да го „затворите“ барот каде што седите. Накратко: избегнувајте ги сите ситуации што можат да доведат до секс меѓу пријателите (како оваа).

Ама, си мислите, па вам ви е толку пријатно… Да, пријатно е, и внесува возбуда во вашиот живот. Ама, истовремено е и коцкање, а влогот е голем, на пример, да ја изгубите љубовта во која сте вложиле многу или да изгубите близок пријател. Затоа, за некои ситуации се подобри пријатели од истиот пол… Помалку е возбудливо, ама е побезбедно.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар