Кога немаме ситно во такси и други непријатни ситуации кои секојдневно ни се случуваат

0

На секој од нас бар еднаш му се случило да седне во такси и таксистот да го праша како е, па да си одговори. Многу често, таксистот зборува на телефон, ама ние не сме забележале па сме си одговориле непрашани.

Секојдневно доживуваме ситуации кои се по малку непријатни, а сепак ретко зборуваме за нив.

Сигурно ќе се препознаете во следните:

  • Кога ќе здогледаме во продавница нешто што навистина ни се допаѓа, па штом ја слушнеме цената која не сме подготвени да ја платиме, почнуваме да се однесуваме како да не сме сигурни дали баш тоа е тоа што сакаме да го купиме.
  • Кога на каса ќе ни пресметаат колку треба да платиме, па додека бараме пари низ паричникот, касиерката почнува да ги пресметува производите на следниот купувач. Таа мала паника додека се собереме со кусурот и кесите и погледот на следниот позади нас…
  • Кога некој ќе зборува на телефон, а ние не сме забележале па почнуваме да си одговараме на прашања кои не се наменети за нас.
  • Кога се среќаваме со некоја личност која ни е позната, а не сме сигурни дали треба да се поздравиме или не, па чекаме да ја видиме нивната реакција…
  • Случајно ќе чуеме некој туѓ разговор, па се почувствуваме повикани да дадеме свое мислење. А не сме.
  • Не можеме да заспиеме, па почнува да не фаќа паника пресметувајќи ги минутите кои останале за одмор.
  • Кога ќе влеземе во продавница и ништо нема да купиме па чувствуваме грижа како би требало да се извиниме на продавачот.
  • Кога немаме ситно во такси.
  • Кога немаме “нешто поситно“ на каса во маркет.

Нешто да дополните?

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.