Кога не внесувате доволно вода…

0

Општо познат податок е дека водата е најважната супстанција во нашиот организам. Таа ги хидрира клетките, а недостатокот може да предизвика сериозни последици по здравјето. Ова се десетте знаци кои ќе ви укажат на тоа дека треба да почнете да пиете повеќе вода во текот на денот…

Сува уста

Многумина во ваква ситуација прават огромна грешка па земаат некој газиран напиток да се освежат. Но газираните напитоци само уште повеќе ќе ви ја исушат устата. Не посегнувајте ни по чај ни по кафе – напијте се само обична вода. Тоа ќе ви даде сила и ќе ги уништува бактериите во усната празнина кои се размножуваат кога таа е сува.

Сува кожа

Сувата кожа е најсериозен знак за тешка дехидратација. Недостатокот на вода значи и недостаток на пот, што доведува до неспособност на телото да се лади и да ги исфрла токсините. Ова може да биде сериозен имунолошки проблем.

Пиење без здив

Кога конечно ќе дојдете до чешмата, толку незаситно ја пиете водата што не можете да земете здив – ако вашето тело ја преземе контролата и ве тера толку многу да пиете вода одеднаш, знајте дека е време да поведете сметка за тоа.

Суви очи

Сувоста на очите може да биде знак за умор или предолго гледање во екран, но главно е последица на премалиот внес на течности. Ако не пиете доволно вода, можете да си го оштетите видот, солзните канали и очите да станат подложни на инфекции.

Болки во зглобовите

Водата е апсолутно неопходна за да се спречи триењето меѓу коските, бидејќи таа учествува со 80% во изградбата на ‘рскавицата. Ако ве болат зглобовите, задолжително зголемете го внесот на течности.

Се смалува мускулната маса

Мускулите се составени и од голема количина вода, па недостаток на вода во организмот значи и помала мускулна маса. Значи ако не пиете доволно течности, џабе се потите при вежбањето.

 

refreshing-after-work-out

“Завлечкани” вируси и кивавица

Хидратацијата ви овозможува постојано да ги исфрлате токсините од себе. На тој начин органите ги филтрираат отпадните нуспојави на организмот. Значи, ако нема “гориво”, нема ни правилна работа на органите. Кога телото ќе дехидрира органите ја извлекуваат водата од крвта, а тоа доведува до цела серија нови проблеми!

Мрзеливост за сè

Кога нема доволно вода во крвта, нема ни доволно кислород. Тогаш чувствувате голема поспаност, настапува летаргија и буквално мрзеливост за сѐ. Тогаш кафето нема да ви помогне бидејќи од него ќе изгубите уште повеќе течности од телото.

Се дебелеете и постојано сте гладни

Збунетото тело кога е жедно ќе почне да ви праќа пораки како да е гладно. Ако јадете а не внесувате течности, телото ќе стане оптоварено со варење на храната без доволно вода, што доведува до дебелеење.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.