Кога е време да ја напуштите работата?

0

Веднаш штом почнете да размислувате да ја напуштите работата, може да биде корисно да разговарате со вашиот менаџер, особено ако имате добар однос со него.

Пред овој разговор, размислете за она што го сакате од вашата кариера. Ако барате да напредувате, разговарајте со него за можностите што ви се достапни. Ако се чувствувате здодевно и незаинтересирано во вашата работа, разговарајте за дополнителни одговорности што би можеле да ги преземете.

Откако ќе имате јасни информации кои се директно поврзани со вашата позиција и цели во рамките на организацијата и разбирање на можностите за напредување во неа, тоа ќе биде полесно да се донесе одлука да се остане или да се оди.

Дали сѐ уште има тешкотии да одлучите дали да ја напуштите позицијата или не?
Седнете и размислете зошто сакате да заминете и што ќе биде потребно за да посакате да останете на вашето работно место.

Направете си листа на добри и лоши страни, како во вашата работа, така и во самата компанија. Запрашајте се дали сметате дека заслужувате голема плата, дали имате простор да напредувате, дали вашето работно место ви претставува предизвик итн.

Ако на крајот извлечете повеќе негативни работи, тогаш можеби е навистина време да го напуштите работното место.

Ако одлучите да заминете, може да биде примамливо веднаш да се откажете и да се ”одморите”, но, дури и ако сте во финансиска состојба да оставите една работа пред да обезбедите друга, тоа не се препорачува.

Одлуката да се остави нешто не е лесна одлука, но понекогаш е неопходно да се бараат нови можности со цел да се унапреди кариерата и да се продолжи со личниот и професионалниот развој.

Кога разгледувате што сакате во вашата следна позиција, размислете за она во што уживате во вашата сегашна работа и за тоа што ве поттикнало да заминете. Тоа може да помогне да се осигурате дека сте позадоволни во вашата следна работа, а не во истата позиција една година подоцна.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.