Кога е оправдано да се однесувате себично во животот

0

Морате да бидете себични – тврди Бенџамин Фишер, писател и кокреатор на проектот Monkey Mind, наменет за оние кои сакаат слободен и исполнет живот. Иако, не е добро да се биде постојано таков, себичноста е важна во моменти кога имате потреба да се посветите на себе. Ова ќе ви овозможи да се фокусирате, бидејќи вниманието нема да ви биде поделено помеѓу личната корист и грижата за другите.

Ако веќе мора да бидете себични, сторете го тоа на вистински начин;

Кога е во ред да мислите само на себе?

Кога работите на сопствената едукација

Личниот развој е една од најдобрите работи кои можете да ги сторите за себе. Можеби вие чувствувате обврска или другите очекуваат да сторите нешто за нив, но понекогаш е подобро парите и времето да ги вложите во книги и курсеви, а благодарение на тоа, останатиот тек на работите ќе ви помогне да ја остварите целта.

Искористете повеќе шанси за да кажете не!

Многу луѓе не сакаат да повредат други или да ја комплицираат ситуацијата со тоа што ќе кажат не. Треба да бидете во можност да го кажете овој збор без страв и каење. Со секоја ситуација каде јасно ќе го изговорите НЕ зборот, вие се заземате за себе и си ја јакнете самодовербата. Тоа не значи дека сте агресивни, туку само искрени.

Помалку време трошете на пораки и повици кон пријателите

Во САД направена е една статистика која вели дека секој ден еден човек во просек троши по 4,7 часа на телефон. Несреќата во сето ова е ако престанете да зборувате на телефон, во тој случај ќе се посветите на социјалните мрежи, што пак има други негативни последици. Штом почнете да ги игнорирате луѓето таму, многу од нив можат да се најдат навредени од постапката. Но, тоа не ваш проблем. Со вистинските пријатели треба да се гледате лице во лице и да редуцирате комуникација на интернет. Ова е уште една ситуација во која е сосема оправдано да бидете себични.

Штом можете бидете малку мрзеливи

Заради општеството, сите сме програмирани постојано да бидеме продуктивни и да работиме повеќе. Но, не е здраво да се биде постојано на “погон” – добро е за телото да се земе пауза и да се освежи енергијата. Потсетувајте се дека не мора секогаш да направите ‘уште нешто’. Останете во кревет, прочитајте книга, играјте си со детето, имајте бавен појадок наместо појадок од нога. Секогаш гледајте да го искористите времето максимално.

Подредете ги работите во животот според вашето сценарио, не според општествено очекуваното. Вие го живеете животот и дозволете си да бидете себични кога тоа не повредува никого.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.