Кога е најдобро време да се мијат забите

0

Колку пати во денот треба да се обрнува внимание на забите, дали е препорачливо веднаш по оброкот да се измијат или треба да се почека? Стручните лица велат дека сепак треба да се почека половина час, но правилото за наутро и навечер се уште важи.

Водечкиот британски стоматолог Ричард Мaркез укажува на тоа дека златното правило за два пати во денот се однесува на тоа дека забите треба да се измијат после појадок, а не после будење, навечер се подразбира дека треба да биде пред спиење.

Ако сте јаделе кисела храна или цитрусни овошја на пример, најлошо што може да направите е да ги измиете забите веднаш потоа, тврди Марк Волф од Стоматолошкиот колеџ во Њујорк.

Неговото објаснување е дека киселите намирници ги прават забите почувствителни, а миењето може само дополнително да предизвика губење на бојата на забите и го зголемува ризикот од пукање на забите.

– Многу е подобро да ги измиете забите пред јадење, а ако не сте стигнале да го сторите тоа, почекајте од 30 до 40 минути за калциумот од плунката да ја деминерализира чувствителната област пред да се употреби четкичката за заби – вели Вулф.

Уште една работа која е препорачливо да се практикува е да не се мијат забите веднаш по пиење на овошен сок, заради зголеменото ниво на шеќер кое го содржат киселините, а може да влијае негативно на глеќта.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот