Кога била накитена првата елка?

0

Зимзелените дрвја уште пред почетокот на христијанството имале посебно значење за луѓето во текот на зимата.

Па пред да почнат да украсуваат елки, луѓето ги украсувале прозорците и вратите со зелени гранки. Тие верувале дека овие гранки ги штитат домовите од зли духови.

Тие знаеле дека најкусиот ден и најдолгата ноќ се помеѓу 21 и 22 декември, таканаречената зимска краткодневица. Ја славеле краткодневицата зашто верувале дека по неа на луѓето ќе им биде подобро.

Гранките, пак, со кои ги кителе домовите ги потсетувале на пролетта, па на свој начин тие го славеле нејзиното доаѓање.

Древните Египќани го славеле богот Ра. Тој за време на зимската краткодневица почнал да закрепнува од тешка болест, па Египќаните во домовите внеле гранки од палми сакајќи да покажат дека животот ја победил смртта.

Старите Римјани го празнувале Сатурналија во чест на Сатурн, богот на земјоделството. И тие забележале дека по краткодневицата нивните фарми и овоштарници станувале зелени, па и тие домовите ги кителе со гранки од елка.

Викинзите верувале дека зимзелените растенија се сопствеништво на богот на Сонцето.

Сепак, се верува дека денешното традиционално украсување елки Земја започнало во Германија во 16 век. Мартин Лутер, протестантски реформатор од тој период бил првиот што на дрвјата закачил запалени свеќи.

Во САД обичајот со украсување елка започнал во 19 век, со појавата на германските доселеници. Иако Американците го сметале тоа за паганство, сепак ја прифатиле германската традиција.

Вештачките новогодишни елки се популарни стотина години и денес повеќето домови имаат вештачка, а не природна елка.

Украсите се неверојатни, боите волшебни. Токму така – доаѓа најубавиот период во годината. Па ако не сте ја украсиле вашата елка – побрзајте, Новата година е на прагот.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.